Connect with us

Насмевка кај Клоп: Ван Дајк се враќа во одбраната

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откри добра вест за „црвените“ дека Вирџил ван Дајк ќе се врати на терените. Тоа треба да се случи на вечерашното дерби со Њукасл во Премиер – лигата. По ова, следната недела Ливерпул го очекува и дуел со Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.


„Вчера на тренинг изгледаше целосно фит“, изјави Клоп за состојбата на холандскиот централен дефанзивец.

Ливерпул е домаќин на „чавките“. Атмосферата кај „црвените“ е значително подобра по победата над градскиот ривал Евертон со 2-0 и сега сакаат да продолжат да собираат бодови во борбата за топ 4. Четвртото место на табелата го зазема Њукасл.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови