Наполи сака да го врати македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Тренерот Антонио Конте смета дека Елмас би бил идеално засилување за средниот ред на тимот, особено затоа што добро ја познава средината во која играше успешно во периодот од 2019 до 2024 година.
Како што пишува „Газета дело спорт“, веќе се познати и деталите од понудата на Наполи до Лајпциг за откуп на македонскиот репрезентативец. Де Лаурентис веќе испратил понуда до Лајпциг, при што Наполи сака прво Елмас да игра една сезона како позајмен фудбалер, а следното лето да биде откупен.
„Понудата од Наполи е оваа сезона Елмас да игра како позајмен фудбалер, а потоа да биде откупен. Проблем е што Наполи сега нуди сума двојно помала од 25 милиони евра, кои Лајпциг ги плати пред 18 месеци. Ќе биде тешка мисија за Наполи, но сè е можно“, пишува „Газета дело спорт“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













