Антонио Конте и Наполи ќе продолжат заедно. Иако официјална потврда сè уште нема, вечерните разговори меѓу италијанскиот стратег и првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис завршиле успешно.
Според медиумите на Апенините, договорот е постигнат – Конте ќе остане на „Диего Армандо Марадона“ најмалку до 2027 година.
Клучната средба, на која присуствувале и спортскиот директор Ман и адвокатот Кјавели, резултирала со усогласени ставови и зелено светло за продолжување на соработката. Покрај новиот договор, Конте би требало да добие и покачување на платата – над досегашните 6 милиони евра годишно – откако одлучил да ја одбие понудата од Јувентус.
Де Лаурентис не застанува тука. За да го убеди Конте, ветил неколку звучни засилувања. Покрај веќе споменатиот интерес за Кевин Де Бруин, „наполитанците“ се насочени и кон канадскиот голгетер Џонатан Дејвид од Лил.
Со ова, Јувентус останува во потрага по нов стратег, откако и Милан вечерва го потврди Масимилијано Алегри. Сега сите очи се вперени кон Торино – дали Игор Тудор, кој веќе еднаш го напушти кормилото, повторно ќе биде дел од плановите на „старата дама“?
Во секој случај, големите тренерски сложувалки во Серија А добиваат јасна слика – а Наполи ќе тргне со Конте во нова офанзива на домашната и европската сцена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













