Connect with us

Наполи го продолжува договорот со Лучијано Спалети

Наполи ќе го продолжи договорот со тренерот Лучијано Спалети користејќи клаузула во неговиот договор. Договорот на стратегот е до крајот на сезоната, но постои опција за продолжување на една година. Тој за следната сезона ќе добие 2,7 милиони евра.


Истата клаузула постои за продолжување на договорот за уште 12 месеци по 2024 година.

Спалети пристигна во Неапол во јули 2021 година, а потоа потпиша двегодишен договор.

Во неговата прва сезона, тимот заврши на третото место во Серија А. Оваа сезона е на пат да стане една од најуспешните во историјата. Тимот е блиску до првото „скудето“ по повеќе од три децении, а исто така тимот игра одлично и во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови