
Ливерпул се претвори во сцена на хаос и страв, откако автомобил удри во толпа граѓани што присуствуваа на победничката парада на новиот англиски шампион. Во инцидентот, што се случи вчера доцна попладне, повредени се речиси 50 лица, од кои 27 се хоспитализирани. Меѓу нив има и две лица во критична состојба, вклучително и дете.
На прес-конференција одржана синоќа, заменик-началничката на полицијата во Ливерпул, Џени Симс, потврди дека е уапсен 53-годишен маж од Ливерпул, за кој постои основано сомневање дека го управувал возилото. Таа изјави дека истрагата е во тек, а полицијата засега не го третира случајот како терористички напад, туку како изолиран инцидент.
„Работиме на тоа да откриеме како точно дошло до оваа трагедија. Засега нема индикации дека станува збор за планиран напад“, изјави Симс.
И покрај тоа што биле преземени значајни безбедносни мерки за време на парадата, останува нејасно како возилото успеало да се пробие низ полициските барикади и да влезе меѓу навивачите.
Дејвид Кичен, претставник на службата за итна медицинска помош, информираше дека 27 лица се префрлени во болници, вклучувајќи четири деца. Две лица, меѓу кои и дете, се во животно загрозувачка состојба. Сепак, среќна околност е што нема потврдени жртви на самото место.
Уште 20 лица побарале медицинска помош на самата локација, но нивните повреди не барале болнички третман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
