
Во Португалија е прекинат најлудиот натпревар годинава, во кој Белененсес против Бенфика на теренот донесе вкупно девет играчи, од кои двајца голмани, а во првото полувреме прими седум гола.
Белененсес имаше на располагање само седум играчи и двајца голмани (Алваро Рамаљо на голот и Жоао Монтеиро на теренот), бидејќи речиси сите останати играчи се заразени со коронавирус.
Како што пишуваат португалските медиуми, Белененсес наводно не ни побарал одложување на натпреварот, па тренерот Филипе Кандидо на терен изнесе вкупно девет играчи. Веќе во 24. секунда домашните си постигнаа автогол, а до крајот на полувремето Бенфика водеше со 0-7. Во тој момент камерата го сними претседателот на Белененсес, Руи Педро Соарес, како плаче.
Потоа се чекаше подолго од очекуваното да продолжи натпреварот, но Белененсес испрати само седум играчи на теренот. Жоао Монтеиро, голманот кој играше овојпат, мораше да го напушти теренот поради повреда, па домаќинот останаа со вкупно шест играчи, што беше доволна причина да се прекине играта поради недоволен број играчи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
