
Шкупи го стори речиси невозможмото и за три минути постигна два гола, со кои триумфираше против Работнички (1-2) на „Тодор Проески арена“ и обезбеди пласман во квалификациите за Лигата на Европа. Творец на неверојатниот пресврт во финишот беше Берат Џонатан Устабаши, кој беше стрелец на двата гола.
Со своето фантастично издание го заслужи признанието за најдобар играч на 36. коло во изборот на МАКФУДБАЛ.
Устабаши во 90.минута израмни на 1-1, а во 92.минута постигна победнички гол за Шкупи, кој го отвори патот за пласман во европските купови.
„Ова беше неверојатен меч. Верувавме до крај во победа и тоа на крајот и ни се исплатеше. Среќни сме што ја исполнивме целта, и тоа со пресврт во самиот финиш“, изјави Устабаши.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
