И третпат оваа пролет, младинскиот репрезентативец Марко Ѓорѓиевски играч на колото во изборот на МАКФУДБАЛ. Офанзивецот на Борец Велес е повторно во фокусот на вниманието откако со хет-трик за само девет минути, од 12. до 21. минута донесе триумф од 3-0 против Партизан Обршани. Токму од таму и најдобар играч на колото за 21. коло во изборот на МАКФУДБАЛ.
„За мене секој натпревар е нов предизвик за погодоци. Секако, секогаш сакам да бидам единствено во функција на тимот, а головите се дело и на соиграчите“ – вели „гол-машината“ на Борец, Марко Ѓорѓиевски кој пред две кола на дуелот против Детонит јуниор постигна четири погодоци, а сега трипати се запиша во листата на стрелците.
Борец во следното коло од Втората лига – Запад веќе в сабота (20. април) гостува на Вардар во Неготино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора













