Шампионот на Бундес – лигата, Баерн Минхен, е многу активен ова лето. Покрај Сенегалецот Садио Мане кој дојде од Ливерпул, а денеска официјално беше претставен како големо засилување, баварскиот клуб ги доведе и Гравенберх и Мазрауи од Ајакс.
Сепак, нема тука да застане. Нова цел е фудбалерот на Лајпциг, Конрад Лајмер.
Австриецот има уште една година од договорот со „биковите“, но ја одбил понудата за продолжување на соработката. Неговата желба е повторно да соработува со Нагелсман, овојпат во Минхен.
25-годишниот фудбалер е во Лајпциг од 2017 година, каде пристигна од Салцбург за сума од 8 милиони евра. Јасно е дека Лајпциг нема лесно да се откаже од играчот од средниот ред, а Лајмер е проценет на 28 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













