Connect with us

Н’Голо Канте се врати на тренинзите на Челси

Н’Голо Канте го одржа првиот тренинг со тимот на Челси, за првпат по неколку месеци. Францускиот репрезентативец допрва ќе игра под водство на Грем Потер, а последниот официјален натпревар на кој играше беше минатиот август.


31-годишниот играч за врска тренира во клупската база од крајот на минатата недела, но до денеска се подготвуваше на индивидуална основа. Тој сѐ уште не тренира со полна брзина како соиграчите.


Сѐ уште не е јасно кога Канте ќе се врати на терените, но стручниот штаб нема да ризикува со неговото брзо вклучување. Малку е веројатно дека ќе влезе во составот за неделната пресметка со Тотенхем, но може да конкурира за реваншот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови