
Португалскиот стратег Жозе Мурињо сака да го доведе напаѓачот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гинвуд на позајмица во Рома, тврдат медиумите на Островот.
Гринвуд е голем талент на англискиот фудбал кој беше обвинет за силување на почетокот на јануари 2022 година. Клубот потоа го суспендираше, а „Најк“ веднаш го прекина спонзорството со играчот, кој дотогаш беше едно од водечките лица на нивниот бренд.
Сепак, обвинението оттогаш е отфрлено. Судењето не се одржа бидејќи сите клучни сведоци одбија да сведочат.
Мурињо разговарал со Гринвуд и со неговиот татко, велејќи им дека тој треба да почне повторно да игра сериозен фудбал. Рома му ја нуди шансата за камбек.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
