Connect with us

Мурињо го гледаше Ливерпул, одеднаш е прва опција за наследник на Јирген Клоп

Португалскиот стратег Жозе Мурињо беше во ВИП ложата на „Крејвен Котиџ“ на вчерашниот меч меѓу Фулам и Ливерпул. Со оглед дека живее во Лондон, не е необично да се појави на меч од Премиер – лигата, но медиумите на Островот тврдат дека неговото присуство има друга позадина.

Раководството на Ливерпул го контактирало Жозе Мурињо и ќе се обиде да го доведе за нов менаџер на „црвените“ следната сезона. Тој досега беше на кормилото на Челси, Манчестер Јунајтед и на Тотенхем, и секако одлично ги познава состојбите и односите во Премиер-лигата.

Челниците на Ливерпул од Мурињо побарале да направи детална анализа што му е потребно на тимот за следната сезона, но и за наредните неколку сезони, во кои планираат да бидат конкурентни за шампионската титула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови