Connect with us

Мура тренираше во Скопје, Шимунџа очекува двомечот да се одлучи во Словенија

Словенечкиот првак Мура допатува во Скопје и го одржа тренингот на арената „Тодор Проески“ во пресрет на утрешниот дуел против Шкендија во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Тренерот на Мура, Анте Шимунџа, вели дека Шкендија е поискусен тим во европските натпреварувања, но очекува двомечот да се одлучува на реваншот во Словенија.

„Шкендија е квалитетен тим кој има поголемо европско искуство од нас. Но, ние веруваме во нашиот квалитет и ќе се обидеме да сториме нешто повеќе. Утре ќе го играме првиот меч и ќе се обидеме да извлечеме добар резултат, но јасно е дека двомечот ќе се одлучува во Словенија“, изјави тренерот на Мура.

Шкендија на утрешниот меч поради ковид-протоколите ќе може да има поддршка од околу 12.000 гледачи на трибините на арената „Тодор Проески“, а влезниците се продаваат по цена од 300 (Југ и Север) и 200 денари (Исток и Запад). Главен судија на натпреварот ќе биде Португалецот Антонио Емануел Карвалјо Нобре.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови