Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа во финале на ЛШ го совладаа Ливерпул со 1-0 и по 14. пат во клупската историја станаа европски шампиони. Еден од најзаслужните за новата титула најдобар во Европа беше хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.
Ветеранот на Реал беше еден од најдобрите играчи во париското финале и со Мадрид ја освои рекордната петта титула шампион на Стариот континент.
„Се уште се обидуваме да разбереме што се случи, што направивме. Немам зборови да го опишам тоа. Отсекогаш сум велел дека нема поголем клуб од Реал и тоа секогаш мора да го повторуваме“, изјави еуфоричниот Модриќ.
Реал секогаш излегувал со трофеј во последните финалиња во Лигата на шампионите. Модриќ е дел од триото на средината на теренот, заедно со Крос и Кашемиро, кои на мадриѓаните им донесоа пет „трофеи со уши“.
„Кога ќе видите како ние играчите се чувствуваме во овој дрес, како го сакаме овој клуб, тогаш јасно е од каде се толку успеси и добри резултати. Пет титули во Лигата на шампионите изгледаа нереално, но сега ги имаме. Се надевам дека ќе ги има уште повеќе“, истакна Модриќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













