
Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, на емотивен начин се прости од навивачите, ставајќи крај на едно незаборавно поглавје во историјата на „кралскиот клуб“. По повеќе од една деценија исполнета со трофеи, магични моменти и неуморна посветеност, хрватскиот ас учествуваше на симболична церемонија што ги допре срцата на фановите ширум светот.
Во присуство на соиграчите, тренерите и раководството на клубот, Модриќ одржа проштален говор полн со благодарност и емоции.
„Дојде моментот кој никогаш не сакав да дојде. Но, беше прекрасно и долго патување. Му благодарам на клубот, на претседателот Флорентино Перез, на сите тренери, соиграчи и на сите што ме поддржуваа низ годините. Од срце сум благодарен“, рече Модриќ.
Лука Модриќ пристигна во Реал Мадрид во 2012 година и остави длабок белег – пет титули во Лигата на шампионите, „Златна топка“ во 2018 година и безброј моменти на фудбалска магија на „Сантијаго Бернабеу“.
„Освоивме многу, но највредното нешто беше љубовта што ја добив од вас, навивачите. Сакам да завршам со една мисла која многу ја сакам: ‘Не тагувај што заврши – радувај се што се случи’“, додаде Модриќ, кој потоа заедно со навивачите скандираше во чест на Реал.
Со својата визија, лидерство и совршена техника, Лука Модриќ ќе остане запаметен како една од најголемите легенди во историјата на Реал Мадрид.
Неговите зборови ја затворија една од најсјајните епохи во клубската историја – време обележано со класа, посветеност и безгранична љубов кон белиот дрес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
