Лука Модриќ по 13 години го напушта Реал Мадрид, а неговиот последен настап за „кралскиот клуб“ ќе биде на Светското клупско првенство што ќе се одржи во САД. Со тоа завршува една од најуспешните ери во историјата на средниот ред на Реал, од каде претходно заминаа Кашемиро и Тони Крос, а сега и хрватскиот репрезентативец.
Пред патувањето во Америка, Модриќ имал краток разговор со претседателот на клубот, Флорентино Перез, а според шпанскиот медиум „Дефенса Централ“, на тој состанок му дал и конкретен предлог за тоа кој би можел да го наследи. Иако последните недели се споменуваат имиња како Мартин Зубименди и Анџело Штилер, Модриќ наводно има поинаква идеја.
„Тој е најдоброто засилување за средниот ред, претседателе“, му рекол Модриќ на Перез, мислејќи на Витиња (25), португалскиот репрезентативец кој оваа сезона во дресот на ПСЖ прикажа значителен напредок и стана клучен играч во тимот на Луис Енрике.
Витиња е цврсто врзан со клубот од Париз, особено по заминувањето на Килијан Мбапе, а неговата улога е толку важна што не се очекува ПСЖ да прифати понуда од Реал Мадрид, кој е директен европски конкурент.
Сепак, Реал продолжува со реконструкцијата на тимот, особено на средината од теренот по повлекувањето на Крос и заминувањето на Модриќ. Клубот веќе ги донесе Дин Хујсен и Трент Александер-Арнолд во одбраната, како и Франко Мастантуоно за офанзивата, а потрагата по нови засилувања во средниот ред продолжува.
Што се однесува до иднината на Модриќ, се чини дека сè е договорено со Милан. Медицинскиот преглед и потпишувањето на договорот се очекуваат веднаш по завршувањето на Светското клупско првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













