Connect with us

Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година доживеа убедлив пораз (1-4) од Шведска на квалификацискиот натпревар што се одигра на стадионот “Петар Милошевски” во Битола. Избраниците на Горан Станиќ поведоа, но во продолжението од дуелот примија четири гола, дел од нив поради сопствени грешки во одбраната.

Дашмир Елези ја доведе Македонија во водство во 12.минута, со одличен удар откосо од десната страна. Тој успеа да погоди во спротивниот агол.

Сепак, Шведска за две минути направи пресврт. Истиот фудбалер, Ричи Оморова погоди двапати, во 32. и во 33.минута за целосен пресврт.

Во вториот дел, Швеѓаните уште двапати ја тресеа мрежата на Македонија.

Во 60.минута Момоду Сонко зголеми на 1-3, а Амин Будри во 79.минута го постави конечниот резултат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови