Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски заработи сериозна повреда на мечот меѓу Абердин и Сент Мирен од првенството на Шкотска. Како што информираат шкотските медиуми, по грубиот старт на Тиери Смол, напаѓачот останал на тревникот и побарал помош од медицинскиот тим.
Проценето е дека Миовски мора да биде заменет, а изнесен е на носилки од теренот во 34.минута.
Да се надеваме дека сепак не се работи за премногу сериозна повреда, а ова дефинитивно ќе биде проблем и за селекторот Благоја Милевски во пресрет на јунските квалификациски натпревари на македонската репрезентација против Украина и против Англија.
Foul on Miovski… pic.twitter.com/Qp2PwyJ7mL
— j 🇦🇹 (@thesheep1903) May 24, 2023
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













