Connect with us

Милевски добива нов договор, ФФМ донесе одлука за итно спроведување на ВАР во Првата лига

Фудбалската репрезентација на Македонија и понатаму ќе ја предводи Благоја Милевски. Селекторот добива нов договор откако за тоа даде „зелено светло“ УО на ФФМ на вчерашната седница одржана во Кичево.

За останатите селектори, од У21-тимот, па сѐ до женските фудбалски селекции, а посебно за тие кои што немаа резултати според очекувањата, ќе решаваат посебни комисии назначени од ФФМ.

Донесена е одлука и за отпочнување на итна акција за имплементирање на ВАР-системот во Првата фудбалска лига. Доколку тоа биде возможно, би се случило уште во пролетниот дел од првенството, но многу поверојатно е дека ќе го има од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2024/25.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови