Масимилијано Алегри се враќа на кормилото на Милан. Искусниот италијански стратег се очекува официјално да биде именуван за нов тренер на „росонерите“, тврдат италијанските медиуми.
По неколкунеделна потрага и шпекулации околу можни кандидати, токму новиот спортски директор на клубот, Игли Таре, одигра клучна улога во убедувањето на Алегри да се врати на „Сан Сиро“.
Алегри, кој беше без клуб речиси цела година по разделбата со Јувентус, ќе потпише договор на три сезони вреден 5 милиони евра годишно, со потенцијални бонуси до 2 милиони евра.
Алегри доаѓа на местото на Сержо Консеисао, чија ера во Милано беше кратка и турбулентна, без јасна игра и резултатска стабилност. Сега, под водство на Алегри, Милан се надева на нова ера на стабилност и конкурентност.
Ова ќе биде негов втор престој во Милан, каде што од 2010 до 2014 година освои Скудето (2010/11) и Суперкуп на Италија. Во тој период оствари 91 победа на 178 натпревари, оставајќи стабилен белег на тимот и создавајќи тим кој долго време важеше за конкурентен во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













