Connect with us

Милан најде модус: Помала плата за Де Кетеларе, поголема отштета за Клуб Бриж

Фудбалерот на Клуб Бриж, Шарл де Кетеларе, е блиску до потпис за Милан, тврдат медиумите на Апенините. 21-годишниот белгиски играч се согласил и на помала плата од претходно договорената само за да се пресели на „Сан Сиро“.


Де Кетеларе првично се договори да го облече дресот на Милан за 2,5 милиони евра годишна плата, но откако запнаа преговорите за отштетата меѓу двата клуба, фудбалерот мораше да направи отстапки во својот дел. Наводно, тој ќе заработува 2,2 милиони евра по сезона во дресот на „росонерите“.

Се очекува Де Кетеларе да потпише договор до јуни 2027 година, но претходно Милан ќе треба да плати отштета од 35 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови