Connect with us

Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао и ќе го направи најплатен играч во тимот

Милан започна преговори со агентот на Рафаел Леао за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза и дека Милан му понудил 6,5 милиони евра по сезона и договор до 2027 година, со што Леао ќе стане најплатен фудбалер на „росонерите“.


23-годишниот Португалец пристигна на „Сан Сиро“ пред две години, а минатата сезона беше избран за МВП во Серија А.

Милан сака да го врзе со нов долгорочен договор со оглед дека за него постои голем интерес и од други европски гиганти и му понудил четири пати поголема плата и откупна клаузула од 200 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови