Ова лето донесе навистина интересен преоден рок, а до неговиот крај се очекуваат уште неколку големи потези. Според италијанските медиуми, на повидок е голема размена меѓу европските великани Манчестер Јунајтед и Милан.
Данскиот напаѓач Расмус Хојлунд веќе извесно време се поврзува со заминување од „Олд Трафорд“, а Милан е силно заинтересиран да го доведе на „Олд Трафорд“. Менаџерот Рубен Аморим јасно му стави до знаење дека не смета на него, со што трансферот изгледа сè пореален.
Од друга страна, голманот Мајк Мањан е блиску до заминување од „Сан Сиро“. Неговиот договор истекува следното лето, а бидејќи не сака да потпише нов, Милан е подготвен да го пушти. Тој претходно се поврзуваше со Челси, но договор не беше постигнат.
Со оглед дека Јунајтед има проблем со Андре Онана, кој не ги оправдува очекувањата, размената Хојлунд – Мењан изгледа како потег од кој би имале корист и двата клуба. Останува да се види дали оваа интересна размена навистина ќе стане реалност.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













