Connect with us

Милан го растури Наполи, а дома не го победи Емполи (ВИДЕО)

Актуелниот првак Милан, кој во минатото коло го растури лидерот Наполи со 0-4 во Неапол, вечерва дома на „Сан Сиро“ не успеа да го победи Емполи. „Росонерите“ одиграа без голови, иако триумфот им беше повеќе од потребен во трката за пласман во ЛШ.

По ова реми, Милан е третопласиран со 52 бода, еден повеќе од Интер и два повеќе од Рома, која има и еден меч помалку.

Стефано Пиоли се реши да стартува со малку измешани карти, а во нападот беше Дивок Ориги. Откако увиде дека тоа не дава ефект, ги уфрли сите сили, Рафаел Леао, Оливие Жиру и Де Кетеларе.

Жиру во финишот постигна гол, но не беше признат поради игра со рака, а Флоренци ја погоди стативата.

На крајот, мечот заврши без голови, Емполи со цврста одбрана си замина непоразен од „Сан Сиро“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови