
Милан ќе се обиде да го доведе Лука Модриќ. Легендата на Реал Мадрид е слободен агент откако го напушти „кралскиот клуб“, а новиот спортски директор на Милан, Игли Таре, си поставил за цел да го донесе на „Сан Сиро“.
Таре веќе стапил во контакт со Модриќ за да дознае дали 39-годишниот играч од средниот ред е заинтересиран да го облече дресот на „росонерите“. Новиот тренер на тимот, Масимилијано Алегри, исто така гледа позитивно на можноста за доаѓање на Хрватот.
Имајќи предвид дека Милан нема да плати трансферна сума за Модриќ, клубот ќе може да му понуди соодветна плата. Потенцијални спонзорски договори исто така би помогнале да се покрие неговата плата.
Откако ја напушти татковината, Модриќ помина четири години во Тотенхем и дури 13 во Реал Мадрид, каде стана најтрофејниот фудбалер во историјата на „кралскиот“ клуб.
Како дете, Модриќ навивал за Милан. Тоа го потврди неговиот поранешен соиграч и поранешна ѕвезда на италијанскиот великан, Звонимир Бобан.
„Лука е вистински миланист. Го сака клубот уште од детството и секогаш сакал да игра тука, но никогаш не добил сериозна понуда. Модриќ немаше намера да си замине од Реал по само една слаба сезона“, изјави Бобан за milannews.it.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
