
Лука Модриќ (39) овој викенд последен пат ќе настапи пред навивачите на Реал Мадрид. И покрај тоа што ќе биде дел од тимот на Светското клупско првенство на крајот од годината, шпанскиот гигант донесе конечна одлука – нема да му понуди нов договор.
Капитенот на хрватската репрезентација го напушта клубот без официјална понуда за продолжување на соработката, иако повторно бил подготвен да прифати намалена плата и споредна улога во тимот.
Причината е јасна – Реал се реши за целосна реконструкција на составот, а во иднината не гледа место за играч кој во септември ќе наполни 40 години.
Сѐ уште не е познато дали Модриќ ќе ја продолжи кариерата или ќе се пензионира, но сценариото каде одигра уште една сезона и потоа ја води Хрватска на СП 2026 сè повеќе се спомнува.
Според шпанската „Марка“, најсериозен кандидат за ангажман на Модриќ е Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам каде настапува и Лионел Меси. Уште минатата година се зборувало дека токму Меси побарал да се донесе Модриќ, а по веста за неговото заминување од Реал, интересот дополнително се засилил.
Како што наведува „Марка“, на маса е можен едногодишен договор до јули 2026 година, со годишна плата од 2.5 милиони евра. Тоа би му овозможило на Модриќ да ја задржи формата и да биде лидер на Хрватска на Мундијалот во САД, Канада и Мексико – нешто што самиот го гледа како главен приоритет.
По 13 години во Реал Мадрид, 25 трофеи и статус на икона, една ера завршува. Дали следната ќе биде во САД, останува да се види.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
