Connect with us

Мертенс подготвен да остане во Наполи со намалена плата

Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, е подготвен да ја намали платата за да остане во клубот. На 35-годишниот Белгиец му истече договорот и моментно е слободен играч, но, сепак, преговара со „наполитанците“ затоа што сака да остане во тимот.


Според информациите, Мертенс е подготвен да ја намали платата за 500.000 евра за да му угоди на сопственикот Аурелио Де Лаурентис, кој веќе подолго време се обидува да ја намали границата на платите во клубот.

Мертенс преговараше и со Бешикташ и со Олимпик Марсеј, но, засега најреална опција е да остане во Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови