Connect with us

Мегваер дрибла како Јамал, Бруно Фернандеш погодува, Јунајтед е блиску до финале во Лига Европа (ВИДЕО)

Хари Мегваер, познат по својата цврста дефанзивна игра, реши да го изненади фудбалскиот свет со потег кој повеќе прилега на крилен напаѓач отколку на централен дефанзивец. Стоперот дриблаше како Ламин Јамал, нафрли, а во продолжението од акцијата Кашемиро погоди за 0-1.


Потоа Бруно Фернандеш постигна два гола. Првиот од пенал, откако по прегледување на ВАР-снимката, беше досудена најстрога казна за „ѓаволите“, а и Вивиан доби црвен карон поради стартот над Расмус Хојлунд.


Третиот гол исто така беше дело на Бруно Фернандеш во 45.минута, па Манчестер Јунајтед има водство од 0-3 по само едно полувреме и се чини дека е блиску до пласман во финалето на Лига Европа, иако остануваат најмалку уште три полувремиња од двомечот.


Тотенхем исто така има предност, води со 2-0 против Бодо/Глимт на домашен терен во Лондон, со головите на Бренан Џонсон и на Џејмс Медисон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови