Од ФК Лабуништа информираат дека натпреварот од 23. коло во Втората лига – Запад кој се игра во сабота (27. април) против Пелистер во Струга ќе биде од хуманитарен карактер.
Не заборавајќи ги своите фудбалери, ФК Лабуништа се впушта во акција за собирање средства за лекување на својот голман Мартин Стојаноски кој неодамна се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа.
„Натпреварот во сабота против екипата на ФК Пелистер ќе биде од хуманитарен карактер. Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за натамошно лекување на нашиот голман Мартин Стојаноски, кој во сообраќајна несреќа се здоби со тешки телени повреди. За негово заздравување неопходно е лекување во Русија. Дојдете и навивајте за ФК Лабуништа 2011 и за МАРТИН“ – се вели во соопштението од ФК Лабуништа.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













