Connect with us

Мбапе ќе добие бонус од 100 милиони евра за да остане во ПСЖ и следната сезона

Бонус од 100 милиони евра го чека Килијан Мбапе доколку реши да остане во Пари Сен Жермен и следната сезона, тврди „Л’Екип“. При потпишувањето на неговиот нов договор минатото лето, беше вклучена клаузула дека доколку тимот не успее да ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2022/23, а францускиот напаѓач сè уште биде во искушение дали да замине или да продолжи да игра за клубот до јуни 2024, ќе треба да ја добие сумата од 100 милиони евра.


Друга клаузула во предметниот договор му даваше можност на ПСЖ еднострано да го продолжи договорот на играчот за нови 12 месеци, но само во случај на триумф во ЛШ. Сепак, ова веќе не е можно.

По завршувањето на минатата сезона се очекуваше Мбапе да се пресели во Реал Мадрид како слободен играч, но тој изненадувачки се согласи да остане.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови