Connect with us

Мбапе и Хакими добиваат одмор од ПСЖ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, потврди дека двајца од клучните играчи на тимот, Килијан Мбапе и Ашраф Хакими, ќе добијат неколку дена одмор за опоравување. Ова по вчерашниот пораз на парижаните на гости против Ленс со 3-1. Двајцата играчи го започнаа натпреварот како стартери и останаа на теренот 90 минути, но не можеа да го променат она што се случуваше на теренот.


Мбапе и Хакми беа на теренот и на натпреварот против Стразбур, кој беше на 29 декември. Секој од двајцата играчи беше дел од својата репрезентација на Светското првенство во Катар, каде Мбапе стигна до финалето, загуби од Аргентина, а Хакими беше елиминиран во полуфиналето на СП 2022 од „петлите“.


„Не можев да го препознам мојот тим“, рече Галтие по средбата. „Ни недостигаше кохезија. Оставивме многу простор, направивме многу технички грешки“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови