Килијан Мбапе сигурно нема да се пресели во Ал-Хилал, иако саудискиот клуб му ја достави најголемата понуда во историјата на фудбалот. Напаѓачот на Пари Сен Жермен категорично одби да преговара за трансфер со претставниците на Ал-Хилал кои пристигнаа во Париз.
Мбапе остана надвор од составот на ПСЖ за турнејата низ Јапонија и клубот напорно се обидува да го продаде. Парижаните ја прифатија понудата на Ал-Хилал вредна 300 милиони евра, но самиот фудбалер не сакаше да седне на маса за преговори со претставниците на тимот од Ријад.
Меѓутоа, посетата на луѓето од Ал-Хилал имаше друга цел. Саудијците сакаат да го доведат и Марко Верати, а двете страни се многу блиску до договор. Документите се веќе подготвени и се очекува италијанскиот интернационалец да потпише договор на две години.
Верати минатата сезона забележа 38 настапи во сите натпреварувања за ПСЖ. Неговиот договор истекува во 2026 година, но клубот е подготвен да го продаде.
Во меѓувреме, француските медиуми открија дека претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, остана незадоволен од коментарите на капитенот Маркињос, кој рече дека се надева дека Мбапе ќе се врати во тимот. Многу фудбалери не се осмелуваат да му изразат поддршка на соиграчот бидејќи ќе го навлечат гневот на раководството.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска













