Килијан Мбапе официјално е добитник на престижната награда „Златна копачка“, која се доделува на најдобриот стрелец во европските национални првенства. Францускиот напаѓач ја освојува оваа награда по првпат во кариерата, и тоа уште во својата дебитантска сезона во Ла Лига, постигнувајќи 31 погодок за Реал Мадрид и собирајќи 62 бода.
Неговиот главен конкурент, Мохамед Салах, не успеа да го стигне во последниот натпревар за Ливерпул, завршувајќи ја сезоната со 29 голови и 58 бода.
Најмногу голови оваа сезона постигна шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон – вкупно 39. Сепак, поради тоа што португалското првенство има понизок коефициент во рангирањето на УЕФА, секој негов гол вреди 1,5 поени. Тој собра 58,5 поени – доволно само за втората позиција.
Четвртото место му припадна на Хари Кејн од Баерн Минхен, кој ја заврши сезоната со 26 голови и 52 бода.
Наградата „Златна копачка“ се доделува според систем кој ги вреднува головите во најсилните европски лиги (Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција) со коефициент 2, додека во останатите лиги головите се множат со 1,5 или 1, зависно од рангирањето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













