Connect with us

Маурицио Сари во Лацио до 2025 година

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, го обнови договорот со клубот, официјално соопшти раководството на италијанскиот калчолигаш.


Според новиот договор, тој ќе остане на работа на „Олимпико“ најмалку до летото 2025 година.
63-годишниот стратег го води Лацио од 2021 година, а имаше договор до 2023 година.


Проценката на клупското раководство е дека Сари работи добро во Лацио. Тимот заврши на петтото место на табелата во Серија А изминатата сезона со 64 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови