Откако остана без Европа, Лацио брзо остана и без тренерот Марко Барони, кој се раздели со римскиот клуб поради слабиот финиш на сезоната која не може да се оцени како успешна.
Поради тоа, Клаудио Лотито го започна барањето нов тренер, и го пронајде во добро познато лице.
Имено, нов тренер на Лацио наскоро ќе стане Маурицио Сари, кој ги договори сите лични услови со управата на клубот, во кој се враќа по само 15 месеци.
Искусниот стратег ќе потпише договор на две години со опција за продолжување на соработката уште една година, по одржаниот состанок во Тоскана.
Сари го предводеше Лацио од 2021 до 2024 година, а минатата година во март поднесе оставка по серија слаби резултати. Сега е подготвен да се впушти во создавање нов тим кој би требало да обезбеди пласман во некое од европските натпреварувања на крајот од сезоната.
Лотито наводно му ветил на 66-годишниот тренер поголема слобода при креирањето на трансфер пазарот, како и право на вето при продажба на играчи за кои Сари смета дека му се неопходни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













