Connect with us

Марсело клекна и плачеше пред навивачите, а соиграчите направија потег за паметење (ВИДЕО)

Реал вечерва со своите навивачи во Мадрид ја прослави титулата европски првак. „Кралевите“ со победата од 1-0 над Ливерпул во Париз стигнаа до 14. трофеј во европската фудбалска елита, а играчите и стручниот штаб вечерва беа пречекани како вистински кралеви.


За неколку играчи на Реал Мадрид ова е последен пат да се појават во дресот на овој клуб. Си заминуваат Герет Бејл, Иско и апсолутната легенда Марсело кој го крена трофејот.

Марсело помина дури 15 години во Реал. Со овој тим освои апсолутно се, но раководството на клубот реши да не му понуди продолжување на соработката.

Бразилскиот лев бек го напушта клубот. Вечерва последен пат ги носеше боите на Реал и не можеше да ги задржи емоциите.

Расплаканиот Марсело излезе на сцената, клекна на колена, а потоа на сцената излегоа останатите играчи на Реал. Го опколија за утеха, по што следеше голем огномет и познатата песна на Queen – ‘We are the champions’.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови