Connect with us

Марко Росе: Во првото полувреме како да не постоевме на теренот

Тренерот на Лајпциг, Марко Росе, не е задоволен од ремито на неговиот тим против Манчестер Сити. Тој смета дека фудбалерите одиграле под нивото на ЛШ во првото полувреме од дуелот против „граѓаните“.


„Одигравме две многу различни полувремиња. Како да не постоевме во првото полувреме. Само трчавме по топката, а бевме многу лоши кога ја имавме во посед. Едноставно не бевме на нивото на Лигата на шампионите. Во вториот дел бевме значително подобри со топката во нозе и одигравме како што знаеме“, изјави Росе.

Манчестер Сити поведе со голот на Марез во првото полувреме, a Лајпциг возврати преку Јошко Гвардиол во вториот дел и стигна до реми (1:1) пред реваншот на „Етихад“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови