Connect with us

Манчестер Сити убедлив на стартот на новата сезона во Премиер – лигата (ВИДЕО)

Манчестер Сити најавува дека оваа сезона сака да го врати шампионскиот трофеј во своите витрини, барем ако се суди според стартот. „Граѓаните“ го совладаа Вулверхемптон со 0-4 на „Молинју“, а тимот на Пеп Гвардиола изгледаше како некогаш, кога беше казнена експедиција во Англија.

Ерлинг Халанд беше стрелец на два гола на овој дуел, а во листата се запишаа и две летни засилувања, Тијани Рејндерс и Рајан Шерки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови