Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити се откажа од обидот да го ангажира Џек Грилиш, офанзивниот играч за врска на Астон Вила, во летниот преоден рок. Пеп Гвардиола има многу високо мислење за квалитетите на Грилиш и побара од раководството да отпочне преговори со Астон Вила, меѓутоа клубот од Бирмингем цврсто стои на ставот дека нема лесно да се откаже од најдобриот фудбалер.
Астон Вила бара 100 милиони фунти отштета за да му дозволи на Џек Грилиш да се пресели на „Итихад“ по завршувањето на сезоната. Тоа, сепак, е премногу голема сума и за богатите сопственици на Манчестер Сити.
По ова, „граѓаните“ најверојатно ќе се фокусираат на трансферот на капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski