
Манчестер Сити се обидува да излезе од длабоката криза. Актуелните четирикратни шампиони на Англија успеаја да врзат две победи по серијата од 14 натпревари без триумф. Во моментов, тимот на Пеп Гвардиола заостанува 11 бодови зад водечкиот Ливерпул, а има и два натпревари повеќе.
Најголемиот проблем за Сити е повредата на добитникот на „Златната топка“, Родри, која остави голема празнина во средниот ред. Гвардиола не крие дека клубот ќе бара нови решенија на трансфер пазарот за да го освежи тимот.
Според англиските медиуми, едно име се истакнува на врвот на листата на Сити.
Станува збор за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш (25). Египќанецот е моментно еден од најдобрите напаѓачи во светот, со неверојатни 18 голови и 12 асистенции на 24 натпревари оваа сезона. Неговата вредност тројно се зголеми за само шест месеци и сега изнесува 60 милиони евра.
Мармуш се приклучи на германскиот фудбал од клубот Вади Дегла во 2017 година, потпишувајќи за Волфсбург, но не успеа да се наметне. Ајнтрахт го донесе бесплатно во летото 2023 година. Во својата прва сезона постигна 17 голови и шест асистенции, а оваа сезона продолжи да бележи исклучителен напредок.
Според германските медиуми, не се очекува негов трансфер во јануари, но Манчестер Сити се смета за главен кандидат за негово доведување во текот на летото. Се споменува дека Ајнтрахт би можел да заработи околу 70 милиони евра од овој трансфер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Uncategorized
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Евро-фудбал
Манчестер Сити го купува „новиот Одегард“

Евро-фудбал
Наполи тргнува по потписот на Лоренцо Лука
