Connect with us

Манчестер Сити е шампион, се врати од „мртви“ до титула (ВИДЕО)

Манчестер Сити со неверојатен пресврт во второто полувреме стигна до победа од 3-2 и ја освои титулата во Премиер – лигата. Илкај Гундоган влезе како резерва и постигна два гола, а и Родри беше стрелец за „граѓаните“. Астон Вила водеше со 0-2, со головите на Мати Кеш и на Кутињо.


Ливерпул славеше со 3-1 против Вулверхемптон, но остана без титула. „Волците“ поведоа со голот на Педро Нето, но Садио Мане израмни, а Салах и Робертсон донесоа триумф.


Тотенхем оди во Лигата на шампионите откако го победи Норич на гости со 0-5. Два гола постигна Хјонг – Мин Сон, кој е и најдобар стрелец во лигата, двапати стрелаше и Дејан Кулушевски, а погоди и Хари Кејн.


Лидс Јунајтед на гости го победи Брентфорд со 1-2 и обезбеди опстанок.

Арсенал со 5-1 го победи Евертон, но остана кус за ЛШ, а Кристал Палас го победи Манчестер Јунајтед со 1-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови