Connect with us

Манчестер Јунајтед ја одреди продажната цена за Мејсон Гринвуд

Манчестер Јунајтед размислува да го продаде напаѓачот Мејсон Гринвуд кој е позајмен во Хетафе. Според „ЕСПН“, интерес за играчот покажуваат Атлетико Мадрид и Јувентус.


Манчестер Јунајтед планира да заработи најмалку 30 милиони фунти од продажбата на играчот, но можно е и „душекчиите“ и „старата дама“ да ја сметаат сумата за превисока.

Англискиот клуб сѐ уште нема донесено конечна одлука за иднината на Гринвуд. Тој е одличен играч, но на „Олд Трафорд“ за него нема место откако беше обвинет за сексуално вознемирување.

Во оваа сезона, фудбалерот учествуваше на 28 натпревари за Хетафе, на кои постигна осум гола и забележа пет асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови