Connect with us

Манчестер Јунајтед го потврди отказот: Солскјер секогаш ќе биде наша легенда

Манчестер Јунајтед и официјално го потврди отказот на Оле Гунар Солскјер. Вчерашниот пораз од 4-1 од Вотфорд беше последниот аргумент за одлуката која се оечкуваше подолго време.

„Манчестер јунајтед информира дека Оле Гунар Солшер ја напушти улогата на главен тренер. Оле секогаш ќе биде легенда на Манчестер јунајтед и со жалење ја донесовме оваа тешка одлука. Иако последните недели беа разочарувачки тие не треба да ја засенат целата работа која ја заврши тој во изминатите три години во кои ги обнови темелите за долгорочен успех“, стои во дел од соопштението на клубот.

Манчестер јунајтед потврди дека во наредните натпревари тимот ќе го води Мајкл Карик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови