Connect with us

Манчестер Јунајтед дури после пенали го елиминира Ковентри и ќе игра финале против Сити во ФА купот (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед имаше предност од 3-0 на „Вембли“ против Ковентри, но дозволи ривалот да израмни на 3-3, се играа продолженија, се шутираа и пенали, па на крајот „црвените ѓаволи“ сепак успеаја да обезбедат пласман во финалето на ФА купот каде ќе се сретнат со Манчестер Сити.

Мектоминеј го отвори резултатот во 23.минута, а Мегваер пред крајот на првиот дел зголеми на 2-0. Бруно Фернандеш на почетокот на второто полувреме постигна трет гол и тимот на Ерик Тен Хаг мислеше дека работата е завршена. Но, потоа Ковентри постигна три гола за помалку од половина час, откако Хаџи Врајт израмни од пенал во 98.минута.

На крајот победникот се решаваше на пенали, а славеше Манчестер Јунајтед со 4-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови