Connect with us

Манчестер Јунајтед чека од Хари Кејн да поднесе барање за трансфер

Хари Кејн треба да се обиде самиот дa помогне за евентуална преселба во Манчестер Јунајтед со поднесување на барање за трансфер. Вакви насоки добил напаѓачот на Тотенхем од клубот од „Олд Трафорд“.


Капитенот на Англија долго време се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ се подготвени да се откажат поради високата цена која претседателот Даниел Леви ја бара за првата ѕвезда.

Манчестер Јунајтед е подготве да плати најмногу 80 милиони фунти за напаѓачот кој влегува во последната година од договорот, но Тотенхем инсистира на минимум 100 милиони фунти.

Според раководството на 20-кратниот шампион, таа цена е превисока за играч кој следниот месец ќе наполни 30 години и има само една година од актуелниот договор со Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови