Connect with us

Малку убави вести и за Барселона: Депај и Гарсија ќе можат да играат од стартот на Ла Лига

Барселона, сепак, ќе успее навреме да ги регистрира Мемфис Депај и Ерик Гарсија за да бидат во протоколот за првото коло од Ла Лига. Каталонските медиуми денеска открија дека Барселона ќе успее да ги исполни сите барања најдоцна до утре и да регистрира уште двајца новајлии пред почетокот на шампионатот.


Досега се регистрирани Емерсон, кој беше 50% во сопственост на Барселона, и Јусуф Демир, кој пристигна во Барселона Б.

Серхио Агуеро нема да биде регистриран сега бидејќи е повреден, но Барса ќе ги реши преостанатите проблеми до крајот на август, односно дополнително ќе го намали платниот список за да може да го регистрира и Агуеро.

Барселона ќе се сретне со Реал Сосиедад во првото коло в недела од 20 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови