Вардар беше надмоќен на вечното дерби со Пелистер и успеа да слави со 4-1. Најтрофејниот клуб најави дека оваа сезона ќе се бори за шампионската титула, а се чини дека тренерот Гоце Седлоски одлично го има подготвено тимот за првенствените предизвици. Ако се суди според почетокот, вардарци имаат тим за високи дострели.
Офанзивен пристап, квалитетен посед на топка, организиран и креативен среден ред, брзина по крилните позиции. Вардар понуди сѐ што модерната фудбалска игра може да понуди. Колективот го исфрли на површина младиот Димитар Данев како одлично засилување, уште на своето деби за новиот тим. Сето ова е заслуга на работата на тренерот Гоце Седлоски и неговиот стручен штаб.
МАКФУДБАЛ го избра Гоце Седлоски за најдобар тренер во 1. коло од Првата фудбалска лига во сезона 2025/26. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













