Connect with us

МАКФУДБАЛ – Тим на 36. коло!

Последното коло од Првата македонска фудбалска лига ги разреши сите нејаснотии и околу екипите кои ова лето ќе не претставуваат на европската сцена. Во повеќе од драматичен натпревар Шкупи триумфираше против Работнички и си обезбеди европска виза, како и Македонија ЃП која влетува на местото на Вардар кој остана без лиценца. Шкендија ќе не претставува во квалификациите за ЛШ, а Академија Пандев ќе биде дел од Лигата на Европа како победник на Купот на Македонија. Првата лига ја напуштаат Победа и Беласица, а Силекс ќе игра бараж за опстанок против подобриот од дуелот меѓу Лабуништа и Тиквеш.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 36. коло во Првата лига. 

1. ДАВИД ДЕНКОВСКИ (АК. ПАНДЕВ)

Квалитетна партија на младиот голман на „пандевци“ кој доби шанса во последното коло. Во неколку наврати сигурен при обидите на Вардар да го загрози домашниот гол.

2. ВЛАДИЦА БРДАРОВСКИ (ВАРДАР)

Максимално активен во офанзивата на тимот, успешно парирајќи и во средниот ред на противничките фудбалери.

3. АМИР БИЛАЛИ (ШКУПИ)

Одличен во дефанзивата, максимално сигурен во натпреварот одигран главно без грешки.

4. ДЕЈАН БЛАГОЈЕВИЌ (СИЛЕКС)

Силекс триумфираше против Беласица за крај на сезоната во меч во кој Благојевиќ одигра одлично по левата страна, постојано партиципирајќи и во офанзивните акции на тимот.

5. ДИМЕ ДИМОВ (АК. ПАНДЕВ)

Човекот кој донесе бод за својот тим против Вардар. Постигна прекрасен гол со глава за реми на натпреварот во Струмица.

6. ФИЛИП ДУРАНСКИ (СИЛЕКС)

Еден од најзабележителните на теренот во Кратово, со гол партиципирајќи во победата на својот тим.

7. БОБИ БОЖИНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Уште една одлична партија на капитенот на „лавовите“ заокружена и со нов гол за европски излез.

8. АРТАН ВЕЛИУ (ШКУПИ)

Еден од најзаслужните за триумфот на Шкупи. Мајсторски асистираше за двата погодоци на чаирчани со кои дојдоа до голема победа против Работнички за европски излез.

9. БЕНЈАМИН ДЕМИР (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Квалитетна партија за поранешниот младински репрезентативец. Со првиот погодок на тимот ја најави победата која значи и европско место за „лавовите“ во следната сезона.

10. БЕРАТ УСТАБАШИ (ШКУПИ)

Херојот на Шкупи. Постигна два убави погодоци во последните минути од натпреварот за голема пресврт победа на својот тим.

11. ЕМРАН РАМАДАНИ (РЕНОВА)

Ренова дојде до победа над Шкендија со која, ако ништо друго, го избегна баражот за опстанок во лигата. Рамадани двоен стрелец за својот тим во триумфот од 3-2.

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: УМИТ КАРАН (ШКУПИ)

Стратегот на Шкупи на крајот успеа да ги однесе чаирчани во Европа. Шкупи одигра трпелив натпревар на крај триумфирајќи и со многу среќа, но покажаа фудбалерите на Каран многу мудрост, желба, срце и храброст да дојдат до посакуваната победа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови