
Последното коло во второлигашката конкуренција даде одговор околу тоа кои екипи од следната сезона се селат во понизок ранг на натпреварување. Кораби успеа да се спаси со победата против Скопје, а на сметка на тоја на позиција за напуштање на второлигашката конкуренција дојде Тетекс кој убедливо загуби од Велазерими. На Истокот се спаси Плачковица која славеше против Кожуф. Како што е познато, Борец и Струга Трим Лум се нови прволигаши, а Тиквеш и Лабуништа ќе играат во полуфиналниот бараж за влез во Првата лига пред потоа победникот од тој дуел да се сретне со кратовски Силекс.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 27. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. ГОРАН ТРАЈКОВСКИ (ПЛАЧКОВИЦА)
Сигурен на голот на Плачковица во клучниот меч од огромно значење за радовишани. Успеа да сочува празна мрежа во пресметката со Кожуф за триумф на Плачковица кој значеше опстанок.
2. АРЛИНД АЛИТИ (СТРУГА ТЛ)
Квалитетна партија за десниот бек на стружани. Сигурен во дефанзивата и активен во нападот во убедливиот триумф против Лабуништа.
3. ТРАЈЧЕ СТОЈКОВСКИ (БОРЕЦ)
Повторно максимално сигурен во одбраната на својот тим во дерби пресметката со Тиквеш за крај на сезоната.
4. АРБЕН ТАФЕ (СТРУГА ТЛ)
Покрај одличната дефанзива, овој пат партиципираше и со два гола за својот тим во триумфот од 6-1 против Лабуништа.
5. БЛАГОЈА ЉАМЧЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Еден од најзабележителните во составот на битолчани, и во средниот ред но и во организација на офанзивните акции.
6. УЈКАН МУЧА (КОРАБИ)
Со гол ја круниса квалитетната партија за Кораби во триумфот од 2-1 против Скопје кој значеше опстанок за тимот од Дебар.
7. МАРТИН СТОЈАНОВ (КИТ ГО)
Нема натпревар а да не биде еден од најзабележителните во составот на Кит Го. Овој пат по неговата одлична соло акција и удар кон противничкиот гол, следеше голот за победа на пехчевци на гостувањето против Вардар Неготино.
8. ИВАН НАСТЕВСКИ (КИТ ГО)
„Моторот“ во средниот ред на Кит Го овој пат пат со гол ја заокружи одличната партија во победата против Вардар во Неготино.
9. СИМЕОН ХРИСТОВ (БОРЕЦ)
Најдобриот стрелец во второлигашката конкуренција со гол ја затвори одличната сезона во дресот на Борец. Овој пат и за триумф против најголемиот конкурент на Истокот, ФК Тиквеш.
10. ДАНИЕЛ РАДОЈЧИЌ (ПЛАЧКОВИЦА)
Офанзивецот на радовишани го отвори резултатот за триумф над Кожуф кој значеше опстанок за Плачковица во второлигашкото друштво.
11. ШЕРИФ РЕЏЕПИ (ВЕЛАЗЕРИМИ)
Велазерими славеше убедлива победа од 4-1 против Тетекс што значи, за првпат во историјата, испаѓање од Втората лига за „штофарите“. А, двоен стрелец во триумфот на кичевци беше Реџепи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Баерн Минхен му понуди нов договор на Лирој Сане

Евро-фудбал
Јувентус е подготвен да го продаде Даглас Луиз

Евро-фудбал
„Лудо реми“ на Лион и Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер
