Натпреварите од 17. коло во второлигашката конкуренција дефинитивно ги одбележа дерби пресметката на Истокот меѓу Борец и Кит Го – Пехчево која им припадна на велешани. Борец со пресврт дојде до победата потврдувајќи го уште еднаш својот пат кон Првата лига. Најубедливата победа ја запиша Брегалница на гостувањето против Плачковица, а нов триумф запиша и Тиквеш. Во Втората лига – Запад, лидерот Струга Трим Лум и трет натпревар пролетва игра без голови. Извонредни се екипите на Пелистер, која веќе отворено најавува желба и за Прва лига, како и Тетекс кој со девет пролетни бода веќе граби кон опстанок.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 17. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. ХРИСТИЈАН СТЕВКОВСКИ (СКОПЈЕ)
Одличен на голот на Скопје на гостувањето против Струга ТЛ. Иако со само 20 години, демонстрација на огромна сигурност и фудбалско искуство на голот на скопјани, еден од најзаслужните за натпреварот без голови.
2. БЛАГОЈА ЉАМЧЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Искусниот левокрилен дефанзивец повторно еден од клучните во играта на пелистерци. Донесе огромна сигурност во одбраната а постојано активен и околу офанзивните задачи. Сигурен од белата точка за нова победа на Пелистер.
3. ДАРКО СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Најдобриот во составот на Брегалница. Покрај беспрекорноста во дефанзивните задачи стрелец и на два гола во победата од 0-6 на гостувањето против Плачковица.
4. БИЛАЛИ ХАСАН (ГОБЛЕН ЈУНИОР)
Творецот на победата на Гоблен јуниор против Генч Калемлер. Стрелец на единствениот погодок вреден три бода за кумановци.
5. БЕТИМ МИФТАРИ (ГОСТИВАР)
Еден од најсигурните во играта на гостиварци. Активен во средниот ред, но и во дефанзивните задачи, стрелец на еден од погодоците во победата од 3-1 против Велазерими.
6. ЃОРЃИ ЃОРЃИЕВ (БОРЕЦ)
Уште една одлична партија на Ѓорѓиев во дресот на Борец. Постигна убав погодок за израмнување, најавувајќи го пресвртот за победа на својата екипа.
7. ЃОРЃИ МОЈСОВ (ТИКВЕШ)
Како и секогаш еден од најдобрите во тимот на Тиквеш. Капитенот е моторот на кавадарчани на секој натпревар, овој пат крунисувајќи ја партијата и со погодок во победата од 0-2 против Партизан Обршани.
8. МЕРИТОН САЛИЈИ (ТЕТЕКС)
Донесе огромна радост за „штофарите“ со голот за победа во судиското продолжение. Максимално активен во средниот ред во текот на сите 90 минути, креатор на серија акција во офанзивата.
9. ФИЛИП ПЕТКОВСКИ (ТЕТЕКС)
Повторно голгетерски расположен. Уште еднаш стрелец за својот тим во новата пролетна победа.
10. СИМЕОН ХРИСТОВ (БОРЕЦ)
Најдобар кога е најнеопходно. Постигна прекрасен гол за пресврт-победа на Борец во дерби пресметката против Кит Го од Пехчево.
11. ЦВЕТАН ЧУРЛИНОВ (КОЖУФ)
Кој друг ако не Чурлинов? И втор едноподруго натпревар Кожув победува со 1-0 а стрелец на погодокот е Цветан Чурлинов.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ГОРАЗД МИХАИЛОВ (БОРЕЦ)
Одлично ја води екипата на Борец Велес на патот кон Првата лига. И во дерби пресметката против Кит Го, велешани покажаа дека доминираат сезонава во второлигашката конкуренција. Одлично тактички подготвен состав кој е веќе очигледно може да парира и на добар дел актуелни прволигашки екипи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski